Врати ја контролата врз своето тело
FMS Care, неинвазивна терапија за зајакнување на мускулите во длабочина.
Неинвазивно · Без електроди · Без упатница
Како работи FMS Tesla
Магнетното поле стигнува таму каде што рацете и вежбите тешко стигнуваат.
- 01 · ИМПУЛС
Пулсирачко магнетно поле
Апликаторот создава краток и силен магнетен импулс, до 3 Тесла, кој се повторува многу пати во секунда.
- 02 · ПРОДИРАЊЕ
Низ облеката, кожата и коската
Полето поминува без допир и без електроди, сè до длабоките мускулни слоеви.
- 03 · КОНТРАКЦИЈА
Длабоките мускули се активираат
Секој импулс предизвикува мускулна контракција. Мускулите работат, а вие само седите.
Илјадници контракции во една сесија
Рачните вежби за карличното дно бараат свесна контракција, правилна техника и време, а мускулите брзо се заморуваат. FMS ги активира автоматски и ритмички, многу пати повеќе.
Илустративен приказ.
Од карличното дно до коленото
Покрај столот, рачните апликатори го носат полето до секој дел од телото.
- 01 · КАРЛИЧНО ДНО
Апликатор во седиштето
Јакнење на карличното дно, кај инконтиненција и по породување.
- 02 · ДОЛЕН ДЕЛ НА ГРБОТ
Апликатор во наслонот
Активација на длабоките мускули околу ’рбетот, кај хронична болка во грбот.
- 03 · ВРАТ
Рачен апликатор
Напнатост и болка во вратот од долго седење и лошо држење.
- 04 · РАМО
Рачен апликатор
Опоравување по повреда и враќање на силата во мускулите околу рамото.
- 05 · КОЛК И СЕДАЛНИ МУСКУЛИ
Рачен апликатор
Јакнење на мускулите кои ги стабилизираат колкот и карлицата.
- 06 · КОЛЕНО
Рачен апликатор
Рехабилитација по повреда или операција, за враќање на силата во мускулите на бутот.
За кого е FMS Tesla
Болка и повреди
- Хронична болка во грбот и карлицата
- Спортски и посттрауматски повреди
- Опоравување по операција
- Мускулна слабост и лошо држење
Карлично дно
- Уринарна инконтиненција
- Опоравување по породување
- Ослабено карлично дно
Како изгледа третманот
Проценка
Специјалистот ја проценува состојбата и одредува дали FMS е соодветна за вас.
Третман
Седите облечени на столот, или апликаторот се поставува на делот од телото. Интензитетот се прилагодува на вас.
Персонализиран план
Планот го одредуваме по проценката, често во комбинација со мануелна терапија и вежби.
Чести прашања
Дали третманот боли?
Не би требало. Ќе чувствувате силни ритмички контракции и пулсирање. Интензитетот го зголемуваме постепено, колку што ви е пријатно.
Дали треба да се соблечам?
Не. Магнетното поле поминува низ облеката.
Дали ми треба упатница?
Не. Директно закажувате, а специјалистот прави проценка на првата посета.
Можам ли веднаш да се вратам на секојдневните активности?
Да. По третманот не е потребно опоравување.
Кога FMS не е соодветна
Пред третманот специјалистот проверува дали е безбеден за вас. FMS не се применува кај:
- Пејсмејкер или друг вграден електронски уред
- Метални импланти во делот што се третира
- Бременост
Ако имате некоја од овие состојби, кажете ни при закажувањето.
Закажете проценка
Јавете се и договорете термин. Од понеделник до сабота.
075 247 243Петре Георгиев 100, Скопје
Fit